фото: EPA-EFE/Ettore Griffoni

ВИДЕО | Верона подобра од Удинезе, ремизираа Монца и Парма во Серија А

Фудбалерите на Верона забележаа победа на гостувањето кај Удинезе со 1:0 во натпреварот од 29. коло на италијанската лига.

Стрелец на победничкиот гол беше Ондреј Дуда во 72 минута. Верона е на 14 место со 29 бодови, а Удинезе е на 10 позиција со 40 бодови.

Во следното коло Верона ќе ја пречека Парма, додека Удинезе ќе му гостува на Интер во Милано.

Монца и Парма одиграа нерешено 1:1, домаќинот поведе со голот на Армандо Иза во 60 минута, а Анже-Жоан Бони израмни за гостинот со голот во 84 минута.

Монца е на последното 20 место на табелата во Серија А со 15 бодови, а Парма е на 17 место со 10 бодови повеќе. Монца во следното коло ќе игра против Каљари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот