ВИДЕО: „Ураган“ во Бургас – смачкани коли и откорнати дрвја, 3.000 молњи на небото над приморскиот град

фото: Јутјуб/принтскрин

Силно невреме го погоди Бургас на брегот на Црното Море, а орканскиот ветер предизвика хаос во градот.

Медиумите јавуваат дека ураганот изненадил стотици туристи на плажите во Бургас. Чадори, перници, лежалки – целиот инвентар на концесионерите на двете плажи е во Црното Море.

Во градот, оштетени се десетици автомобили врз кои паднале скршени гранки и дрвја. Засега нема информации за повредени во силното невреме.

Силниот ветер уништи барови и ресторани на плажите, а во градот откорна голем број дрвја и покриви. Брзината на ветрот достигна 70 километри на час, а метеоролозите соопштија дека приближно 3.000 молњи се забележани на небото околу Бургас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот