(ВИДЕО) Украинските сили нападнаа руски радарски систем – критична компонента на С-400 Триумф

На социјалните мрежи се појави слика на која се тврди дека се гледа штетата нанесена на рускиот радарски систем „92N6E“, по ударите зададени од украинската армија.

„92N6E“, познат како „Гробен камен“, е критична компонента на одбранбениот ракетен систем С-400 „Триумф“ кој располага со ракети земја-воздух со долг дострел.

Овој радарски систем претставува значителен напредок од неговиот претходник, „30N6E“ од советската ера, кој може да се пофали со зголемен дострел на проектили и дигитални способности.

Во првичниот извештај на војската се наведува дека украинските воени сили ги гаѓале радарите и придружните возила на рускиот систем за воздушна одбрана.

Радарот и командното место на системот С-300 или С-400 беа распоредени на борбени позиции, покривајќи стратешка цел.

Според воени извори, украинските сили ги идентификувале позициите на непријателот користејќи извидувачки беспилотни летала, а ангажманот се одвивал во близина на шумска област.

Прецизниот удар врз елементите на руската воздушна одбрана бил извршен со помош на ракети „GMLRS“ лансирани од американскиот ракетен артилериски систем „М142 HIMARS“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот