ВИДЕО | Убедливо најнеуспешно бегство од затвор: Венецуелски затвореници ископале тунел и падна во рацете на полицајци кои вежбале

Во Венецуела се случи најнеуспешното бегство од затвор во историјата/Фото: Скриншот/Х

Титулата за најнеуспешно бегство во историјата ја добија затворениците во Венецуела, кои откако ископале тунели и минале низ затворските ѕидови, налетале на група од 30 полицајци кои вежбале непосредно пред казнено-поправниот дом.

На видеото во кое е снимено неуспешното бегство, се гледа како дел од вкупно 20-те затвореници кои учествувале во него, излегуваат од тунелот и ја сфаќаат својата грешка.

Според Дејли Мејл, погрешната пресметка на затворениците ги навела да го ископаат тунелот кон областа за обука во седиштето на полицијата во венецуелскиот град Маракаибо.

И покрај тоа што 30-те полицајци биле невооружени, во официјалното соопштение се вели дека „се е ставено под контрола“ при што тројца од затворениците биле полесно повредени кога се обиделе да побегнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот