ВИДЕО: Уапсен 90- годишен акупунктурист во САД, парализирал млада пациентка и сексуално ја злоставувал

д-р Кваи и пациентката која го обвини за сексуално злоставување/Фото: Скриншот/abc11.com

Акупунктурист од Северна Каролина, САД на возраст од 90 години го искористил своето знаење за да „предизвика делумна парализа“ кај пациентка, а потоа и сексуално да ја нападне, по што тој е уапсен.

Според Њујорк Пост, сега е покренато гонење против Др. Ши Јинг Кваи за шокантниот инцидент што се случи пред неколку недели во неговиот дом каде ги примаше своите пациенти.

Жалителката Ривер Лајоајс во последните четири години го посетувала ова место два пати неделно и ништо не се случило за да се посомнева.

Меѓутоа, како што вели таа, при последната посета и откако и ги ставил иглите во телото, Кваи почнал да ја соблекува и да и го бакнува телото.

„Следеа многу полоши дејствија “, рече 28-годишната жена говорејќи за локална телевизиска мрежа.

Лајоајс верува дека Кваи намерно ги ставил иглите во нејзиното тело на начин што би ѝ предизвикал делумна парализа. Не можејќи да се движи, почнала да вика за помош и да го моли 90-годишникот да престане. Според неа, неговиот одговор на нејзините молби бил да продолжи да ја повторува фразата „Благодарам“ додека тој продолжил сексуално да ја напаѓа.

Како што изјавила младата дама пред новинарите, пред нејзиното трауматично искуство слепо му верувала на постариот акупунктурист, на кого гледала „како нејзин дедо“. Бидејќи била многу задоволна од неговите вештини, таа му испратила и над 20 нејзини познаници како клиенти.

Ова е една од причините што одлучила јавно да проговори за тоа што и се случило, бидејќи сака светот да знае дека се работи за опасен човек кој ја користи довербата на своите пациенти.

Полицијата во Ешвил издаде соопштение за инцидентот, охрабрувајќи ги сите други жртви на постариот акупунктурист да дојдат во одделот за да го пријават.

Д-р Кваи сега е притворен, а кауцијата му е одредена на 100.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот