Вивијан Џена Вилсон Фото: Принтскрин/ Инстаграм

ВИДЕО | Трансродовата ќерка на Илон Маск го имаше своето деби на модна писта: Носела силна порака на ревијата

Вивијан Џена Вилсон, отуѓената ќерка на Илон Маск, го имаше своето деби на модна писта на Неделата на модата во Њујорк. Вивијан прошета по пистата на ревијата „Мис САД 1991“ на Алексис Битар, пишува „Пејџ сикс“.

Таа се појави во блескав фустан со кратки ракави, дополнет со драматични златни обетки и златна чанта. Дизајнерот Алексис на Инстаграм изјави дека неговата презентација на новата колекција, која се одржа во петок, „е приказна за мизогинија, неконтролирани предатори, објектификација и трансродови права“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexis Bittar (@alexisbittar)

„Намерно го одбрав секој учесник да претставува американска држава каде што правата на трансродовите лица се загрозени“, изјави дизајнерот во изјава за „Пејџ сикс“. Вилсон, која е трансродова личност, ја претставуваше Јужна Каролина.

Патем, Вивијан се изјасни како трансродова во 2020 година, и оттогаш е во исклучително лоша врска со својот татко, кој тврдеше дека бил измамен за да ѝ дозволи да го промени полот. Во тоа време, тој рече дека го изгубил своето дете, имено дека неговиот син Ксавиер починал. „Тие го нарекуваат „мртво име“ со причина. Причината зошто го нарекуваат „мртво име“ е затоа што вашиот син е мртов. Мојот син Ксавиер е мртов – го уби „разбудениот“ вирус“, рече тој.

Вивијан одговори велејќи дека изгледа „прилично добро за мртва кучка“ и јавно се откажа од својот татко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот