Хари Кејн го постигна 250 гол во дресот на Тотенхем/Лондон, Британија/20 август 2022/Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

ВИДЕО: Тотенхем ги освои трите бода, Кејн испиша историја во Премиер лигата

Третото коло во Премиер лигата е отворено во Лондон, и тоа со победа на Тотенхем над екипата на Вулверхемптон со резултат 1:0.

Единствениот гол беше реализиран во 64 минута, а стрелец за екипата на Антонио Конте беше англискиот репрезентативец Хари Кејн.

Тоа беше 250 гол за Кејн во дресот на Тотенхем вклучувајќи ги сите официјални натпревари, а напаѓачот исто така испиша историја во Премиер лигата постигнувајќи го 185 гол за еден клуб.

До сега беше израмнет со Кун Агуеро кој за Манчестер сити постигна еден гол помалку.

Тотенхем го освои седмиот бод од можните девет после првите три кола, додека Вулвси останаа на еден освоен бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот