ВИДЕО: Тонали го враќа Милан на првото место во Серија А

Сандро Тонали во финишот постигна победнички гол за „росонерите“/Рим, Италија/24 април 2022/Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Фудбалерите на Милан го совладаа Лацио во дерби натпреварот од 34 коло на италијанската Серија А Лацио по пресвртот со 2:1 и останаа во трката за Скудетото.

Натпреварот не започна добро за Милан бидејќи Лацио водеше од четвртата минута. Голот го постигна Чиро Имобиле по одличната асистенција на Сергеј Милинковиќ Савиќ.

После тоа Милан беше многу поопасен, пропушти неколку ветувачки прилики, но Лацио на одмор замина со предност.

Милан стигна до израмнување во 50 минута. Леао беше незапирлив за одбраната на римскиот тим, го пронајде Жиру на кој не му беше тешко да ја погоди мрежата на Стракоша.

Конечниот епилог беше поставен во самиот финиш од средбата (90+2`) кога Ибрахимовиќ асистираше до Тонали за важен триумф на гостите.

Милан по оваа победа го зазема лидерското место на табелата во Серија А со 74 освоени бода, два повеќе од второпласираниот Интер, но и натпревар повеќе. Лацио е на шестата позиција со 56 бодови.

Претходно се одигра уште еден меч, Џенова со 1:0 беше подобра од Каљари, додека Наполи на Елиф Елмас разочара со нов пораз на гостувањето кај Емполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот