ВИДЕО: Наполи без Елмас водеше со 2:0, па загуби за осум минути!

„Наполитанците“ направија нов кикс во борбата за Скудетото/Емполи, Италија/24 април 2022/Фото: EPA-EFE/Claudio Giovannini

Во 34 коло од најсилната италијанска Серија А екипата на Наполи претрпе пораз со 3:2 од Емполи на гостински терен. Тоа е веќе трет натпревар во низа кој Наполи не доаѓа до триумф, и тоа во клучен дел од сезоната кога се решава борбата за титулата.

Гостите водеа по првото полувреме со голот на Мертенс во 44 минута, па предноста ја зголеми Инсиње во 53 минута. И кога сите помислија дека играчите на Лучано Спалети рутински ќе ја одработат задачата, следуваше пресврт на домаќините во последните 10 минути од средбата.

Хендерсон намали во 80 минута, па 180 секунди подоцна израмни Пинамонти, а истиот играч го постави конечниот епилог во 88 минута.

За клубот од Неапол поради повреда денеска во составот на Лучано Спалети не беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Салернитана триумфираше дома над Фиорентина со 2:1, а нашиот напаѓач Илија Несторовски од клупата го гледаше ремито на Удинезе кај Болоња (2:2).

На табелата „наполитанците“ се на третата позиција со 67 бодови од 34 натпревари, пред нив се Интер (72) и Милан (71), и двата тима досега имаат 33 мечеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот