ВИДЕО | Тинејџерка од Швајцарија фатена како чкрта на Колосеумот, втор ваков случај за помалку од еден месец

Тинејџерка од Швајцарија фатена како чкрта на Колосеумот, втор ваков случај за помалку од еден месец / Фото Твитер

По втор пат за помалку од еден месец, туристка е фатена како чкрта на една од најпознатите историски атракции во Италија. Тинејџерка од Швајцарија е последниот престапник што е фатен од локален туристички водич како го врежа своето име во антички амфитеатар.

Водичот успеал да ја сними девојката (17) како ја пишува буквата Н на ѕидот на Колосеумот. „Ова е прв пат да успеам да снимам вандалски чин во Колосеумот, но за шест години видов десетици, има и такви кои кршат делови од ѕидот“, изјави Дејвид Батаглино за „Република Рома“. „Еднаш дури ме нападнаа дека сум искарал момче“.

Откако Батаглино го пријавил вандалскиот чин во Колосеумот, полицијата наводно ги испрашувала тинејџерката и нејзините родители. Тој изјавил дека родителите на девојчето го оправдале нејзиното однесување велејќи: „таа е само дете, ништо лошо не направила“.

Италијанските медиуми јавуваат дека семејството се соочува со парична казна од 15.000 евра, што е максималната сума одредена во таа земја за вандализирање на историското наследство. Оваа вест доаѓа само неколку недели откако маж беше фатен како го вандализира Колосеумот кон крајот на јуни. Турист од Обединетото Кралство предизвика големо негодување со тоа што го издлаби името на својата девојка на античкиот камен.

ВИДЕО | Турист фатен како со клуч чкрта на ѕидот на Колосеумот, Италијанците гневни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот