ВИДЕО | „Ти си сè што имам“: Северина му го честиташе роденденот на синот

Северина и Александар / Фото: Инстаграм/Северина

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ денеска има убава причина за славење. Нејзиниот син Александар Поповиќ наполни 11 години, а пејачката му посвети емотивна порака на социјалните мрежи.

„Среќен роденден на мојот ангел, на мојата најголема љубов, на мојот син. Ти си сè што имам“, напиша Северина во описот на видеоснимката од роденденот на Александар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Во последните неколку години, Северина помина низ многу тешки моменти кога по судска одлука старателството над нејзиниот син му припадна на неговиот татко Милан Поповиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот