кирил лазаров
Кирил Лазаров со двојна улога во репрезенацијата како селектор и капитен/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

ВИДЕО: Светскиот шампион на колена во Скопје, Лазаров имаше селекторско деби од соништата

Годинава најдобрата македонска ракометна машка репрезентација (беше прва „резерва“) играше на Светското првенство во Египет како замена за Чешка која се откажа поради голем број на заразени со ковид-19.

„Црвено-жолтите“ настапија во групата „Г“ во Каиро каде што загубивме од Шведска со 32:20 и Египет со 38:19, триумфиравме над Чиле со 32:29 и како третопласирани успеавме да се пласиравме во главната фаза. А таму бевме последни во новоформираната група „4“ со порази од Словенија (21:31), Русија (20:32) и Белорусија (26:30) и го освоивме 23 место од 32 репрезентации на Мундијалот.

Нашите најдобри ракометари следниот месец ги очекува нов настап на големите натпреварувања, Европското првенство во Унгарија и Словачка (13-30 јануари).

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров кој воедно е активен и како играч, веќе ги започнаа подготовките, а во првите денови од новата година имаат уште два контролни мечеви против Израел.

Потсетување дека ќе играме во унгарскиот Дебрецен, се наоѓаме во групата „А“ со Словенија (13 јануари 2022, 18.00 часот), Црна Гора (15 јануари, 18.00 часот) и Данска (17 јануари, 20.30 часот). Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе се најдат во главната фаза.

Инаку Данците ни беа ривали и во квалификациската група „7“ каде што го освоивме второто место со 10 бодови колку што имаа и актуелните светски шампиони, но имавме нешто послаба гол-разлика.

После неуспехот на СП и заминувањето на Данило Брестовац (кој започна со две победи во квалификациите за ЕП 2022 над Финска и Швајцарија), на селекторската клупа дојде Кирил Лазаров.

Нашиот десен бек имаше деби од соништата совладувајќи ја Данска во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ Скопје со 33:29.

Тајмаутот на нашиот селектор Лазаров, видео кое го сподели и Европската ракометна федерација, можете да го погледнете на следниот видео запис:

Kiril Lazarov is multi-tasks!

He started his new player/coach role with a stunning win vs Håndboldherrerne ? Describe Kiril Lazarov in only one word: _______ ? Ракометна Федерација на Македонија – официјална страница

Posted by EHF EURO on Friday, 12 March 2021

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!