ВИДЕО: Света река во Индија полна со отровна пена

Индиска света река полна со отровна пена/ Фото EPA-EFE/RAJAT GUPTA

Отровна пена покри дел од една од светите индиски реки.

На видеото се гледаат хинду верници како се капат во реката Јамуна опкружени со загадена пена за време на верски фестивал, јавува Би-Би-Си.

„Беше крајно валкано, но немавме друг избор, ритуал е да се капеме во вода за време на верски фестивал. Се надевам дека Владата ќе внимава на ова и ќе се обиде да го реши проблемот“, изјави Гунџан Деви.

Наводно, како што пренесува Би-Би-Си, мештаните за загадувањето на реката го обвинуваат отпадот од канализацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот