ВИДЕО | „Стави ги очилата за да видам што чувствуваш“: Возбудлив нов изум на наши научници

Фото: РСЕ / принтскрин

Македонски научници од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од Скопје направија прототип на паметни очила кои преку сензори ги детектираат емоциите и расположението на оној кој ги носи, пренесува „Радио Слободна Европа“.

Сензорите на очилата, наречени „OCOsens“, собираат податоци од изразите на лицето и од движењата на носителот, кои потоа се обработуваат со помош на вештачка интелигенција.

„Идејата беше да создадеме еден „паметен“ уред којшто ќе го носиме секојдневно со нас, и притоа тој уред да може да ги мери нашите емоции, фацијални експресии, нашето расположение во текот на денот, нашите активности, како се однесуваме… и со тоа да добиваме некои информации за нашите активности, за тоа како се однесуваме во текот на денот“, вели доцент д-р Христијан Ѓорески од ФЕИТ.

„Имаме иновативни сензори, тоа се оптички сензори коишто се патентирани од нашата компанија. Со помош на тие сензори ние можеме да ги детектираме тие фацијални експресии на човекот и на индиректен начин да допираме до неговите емоции“, вели доц. д-р Ѓорески за „Радио Слободна Европа“, додавајќи дека веројатно сме две или три години далеку од тоа ваквите очила да бидат достапни за широка потрошувачка.

Во создавањето на паметните очила учествувал поголем тим научници и студенти од факултетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот