ВИДЕО: Спектакуларна партија на Јокиќ, Денвер поведе во плеј-оф серијата против Лејкерс

фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Кошаркарите на Денвер поведоа со 1:0 во четвртфиналната серија на Западот во НБА лигата, откако на домашен терен го совладаа Лос Анџелес лејкерс со резултат 114:103. Тоа беше деветта последователна победа на Денвер против тимот од ЛА.

Најзаслужен за победата на домашните беше одличниот српски кошаркар Никола Јокиќ кој забележа „дабл-дабл“ учинок од 32 поени и 12 скока и воедно запиша седум асистенции.

Нагетс имаа 15 поени предност и се чинеше дека натпреварот е решен, но Леброн и неговите соиграчи не се предаваа. Во средината на последниот дел намалија на „минус шест“, благодарение на одличниот Дејвис, но потоа на сцена повторно стапи феноменалниот Јокиќ. Најпрвин по еден скок во нападот ја стави топката во кош и ја прекина серијата, а во следната следеше тројка и Денвер повторно стигна до „+10 на пет минути пред крајот на мечот. До крајот на натпреварот Нагетс успеаја да го задржат водството и да поведат во серијата.

Во редовите на Денвер Џамал ​​Мареј постигна 22 поени, Мајкл Портер Џуниор додаде 19, а на спротивната страна Дејвис имаше 32 поени и 14 скока, додека Џејмс мечот го заврши со 27 поени, шест скока и осум асистенции.

Денвер сега води во плејоф серијата со 1:0, а следниот меч во „Бал арената“ е закажан за ноќта помеѓу понеделник и вторник од 04.00 часот по македонско време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот