ВИДЕО | Шоу на Митровиќ против Литванија, еврогол на Асани во победата на Албанија

Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Фудбалската репрезентација на Србија стигна до победа во квалификациите за Европското првенство откако со 3:1 славеше против Литванија, а херој на Србите беше Александар Митровиќ.

Митровиќ трите гола ги постигна во првото полувреме. Прво резултатот го отвори уште во 21. минута, потоа во 32. и 43.

Успеа Литванија пред празуата да го постигне еден гол, но тоа беше се што направија и во вториот дел не видовме голови.

Важна победа во Тирана забележа Албанија против Полска со 2:0. Посебно внимание привлече првиот гол кој беше дело на Јасир Асани. Лидер во групата е Албанија со 10 бода по пет натпревари, Чешка има осум, но и натпревар помалку.

Во останатите натпревари, Словенија лесно се справи со Сан Марино и победи со 4:0, Грција со 5:0 го декласираше Гобралтар и Холандија со 2:1 ја совлада Ирска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот