ВИДЕО | Шајноски: Финансискиот систем е стабилен, се преземаат мерки ударот од ковид да не се одрази врз финансиските институции

Генералната оценка за финансискиот систем е дека е стабилна. Во комитетот за финансиска стабилност и сите членки во него, ги презентиравме најновите податоци. Единствениот заклучок е дека финасискиот систем е стабилен. Тој е стабилен бидејќи сите преземаат мерки ударот од ковид да не се одрази врз финансиските институции. Значи политиките кои ги преземаат сите регулатори, а јас можам конкретно да зборам како претседател на агенцијата за супервизија на осигурување, обезбеди такви мерки со кои на почетокот на април ја зголеми ликвидноста во осигурителниот сектор и во исто време ги стабилизраше финансиските резултати. Тоа се мерки кои даваат резултати одреден временски период, изјави професорот Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.

– Ситуацијата сега за сега е стабилна, осигурителните компании исто така и мислам дека од тој аспект не треба да се има стравувања во каква состојба се наоѓа осигурителниот пазар, а по она што се изложи на Комитетот за финсиска стабилност ниту пазарите кои тие ги регулираат, изјави Шајноски.

-Вкупната актива на осигурителниот пазар е 23,9 милијарди денари, и пенетрацијата која осигурувањето ја има во финсискиот систем е 3,5% што е исклучително мало учество во споредба со останатите развиени земји. Прашање кое се наметнува е како сите заедно да ги изградиме подеднакво јаки столбовите на финансискиот систем. Ние живееме во банко-центричен финасиски ситем каде со 85% од финасискиот систем доминира комерцијално банкарство, вели Шајноски и додава дека финасискиот систем претставува крвотокот на економијата и не може да се има квалитетна економија без правилно развиен финасиски систем.

Целиот разговор со проф. Шајноски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот