ВИДЕО | Се вакцинираше министерот Бочварски: Очекуваме намалување на притисокот од пандемијата

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска ја прими првата доза од вакцината против против ковид-19 во вакциналниот пункт во Штип.

Во изјава за медиумите, тој ги повика граѓаните да се пријават на веб-страницата за вакцинација и да го остварат своето право.

– Имунизацијата тече во најдобар ред, Министерството за здравство и Владата придонесоа со целата оваа организација со поддршка на општините да имаме еден добар процес, кој трае и ќе трае во наредниот период. Очекуваме намалување на притисокот од пандемијата и секако враќање на животот во нормала, порача Бочварски.

Видео на денот