ВИДЕО: Се урна брана во Норвешка, не можеше да го издржи водостојот

Фото: Твитер

По ужасните поплави во Норвешка денеска на една река браната делумно се урна, зголемувајќи го водостојот на реката и ризикот од понатамошни излевања.

Се работи за браната Браскерајдфос на реката Глома. Инцидентот настанал откако не можеле да се отворат вратите на контролната соба на браната затоа што била поплавена.

Полицијата претходно размислуваше да ја крене во воздух една од затворачките порти на 45-годишната брана за да помогне да се олесни ситуацијата, но на крајот се одлучи да не го стори тоа, бидејќи ќе беше тешко да се одржи експлозијата под контрола.

Илјадници луѓе се евакуирани во Норвешка откако реките се искачија на највисоко ниво во последните 50 години, а домовите и деловните објекти се потопени или однесени.

Властите алармираат за поголеми катастрофи кои би можеле да следат наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот