ВИДЕО | Се удавил пред очите на сопругата додека таа го снимала како скока во студената вода

Украинецот Александар (38) ја замолил сопругата да го сними додека тој скокнал во заледената река во Чортомлик на 5-ти февруари. За жал, тоа беше фатално за него. Тој се удави во ледената вода штом нурна.

Набрзо на местото на настанот биле повикани спасувачите откако Александар не излегол од водата. Според медиумите, тој бил однесен од брза струја под замрзнатата река.

По немилосрдната потрага на екипите на брзата помош во регионот на Дњепропетровск, кои нурнаа во реката за да го пронајдат Александар, неговото тело било пронајдено следниот ден на длабочина од речиси четири метри.

На вознемирувачката снимка што ја пренесоа медиумите се слуша последниот разговор меѓу Александар и неговата сопруга. Додека Александар со секира дупнал во мразот, се слушнал како разговара со сопругата .

Тој на снимката одговорил дека не се плаши од студената вода, додека неговата сопруга вели дека е многу студено надвор, минус оет степени под нулата, и дека се секира тој да не настинеТогаш Александар ја соблекол маицата се прекрстил.и прво ги потопил нозете во водата.

Додека сопругата го снимала, тој нурнал во ледената вода и исчезнал во реката. Неговата сопруга почнала да бара помош

Пријаетлот на жртвата се обидел да пресече уште една дупка во мразот. Сепак, за Александар беше предоцна да се спаси. Тој се удавил заробен под мраз, се вели во извештајот.

Спасувачите го пронашле неговото тело дури следниот ден, на длабочина од речиси четири метри.

Овој трагичен инцидент се случи само неколку недели откако руската адвокатка Ана Ускова (40) почина пред очите на сопругот и двете деца, откако скокна во ледената вода на Богојавление во село јужно од Санкт Петербург.

И таа веднаш исчезна во ледената вода, пред очите на нејзините преплашени деца кои врескаа. Нејзиниот сопруг, бизнисменот Јури (50), скокнал во водата, но не успеал да ја најде.

Локалните експерти во Ленинградската област тогаш апелираа да не се користат неовластени места за капење во замрзнати реки без присуство на спасувачи кои би биле подготвени да реагираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот