
ВИДЕО: Се сруши дел од потпорниот ѕид на Детската клиника
После една и пол година не е преземено ништо и утрово добивме пријава дека дел од овој ѕид е паднат, а прашање е кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот, вели директорот на ЦУК
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов соопшти дека утрово стигнала пријава дека е срушен дел од потпорниот ѕид на Детската клиника во Клинички центар.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Неколку граѓани пријавија дека потпорниот ѕид над Клиниката за Детски болести е во лоша состојба. Од наша страна беа известени сите надлежни институции, за преземање на потребните мерки. После една и пол година не е преземено ништо и утрово добивме пријава дека дел од овој ѕид е паднат, а прашање е кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот. Затоа апелираме до сите да се зафатат со решавање на оваа опасност за граѓаните. Може да дојде и до рушење на дел од улицата, по што е можна поголема трагедија, вели Ангелов.
Тој тврди дека до ваквата состојба дошло поради подземните води.
Од едната страна на ѕидот има паркинг, а од другата е улица „Белградска“.
Од ЦУК посочија дека повеќепати е интервенирано и испратени се дописи до надлежните и додаваат дека е потребна итна координација за надминување на опасноста.