ВИДЕО | Сани Саиди: „Вардар Филм“ ќе биде модерен филмски центар, како што беше во времето на поранешна Југославија

Во „Вардар филм“, некогашната најголема продуцентска куќа во државата, за еден месец повторно ќе почне да работи кино со 49 седишта, а веќе е оспособено и тонско студио.

„За жал, кога во април ја презедов раководната позиција, институцијата ја најдов во лоша состојба, во една неповолна ситуација, целосно пасивна, како да не постои. Откако ја утврдивме фактичката состојба, презедовме соодветни чекори зашто имаше многу неред во работењето и неекономично менаџирање со установата. Имаше многу неподмирени обрски кон трети лица и бесмислено потпишани договори, накратко, неодоговорно раковоење со установата. Од првиот ден почнав да ја менувам оваа состојба, да воспоставам ред и да ги подмирам сите доспеани обврски. По неполни два месеци, заедно со тимот успеавме да ги вратиме работите во нормален тек. Истовремено, наидов на многу тажна слика, затоа што многу од просториите во „Вардар филм“ беа исполнети со некои непотребни работи и отпад и беа користени само како магацини. Веднаш направивме план за нивно чистење и приспособување за намената што ја имале.

По 25 години ја реновираме кино салата која има 49 седишта, правиме комплетно нов ентериер, а ќе има и нова, современа техничка опрема. И мислам дека до крајот на месецот ќе ја ставиме во функција за да биде достапна за сите филмски работници за тест проекции, а понатаму и за пошироката публика за вечерни проекции, но кога ќе биде безбедно и дозволено од надлежните здравствени институции. Во меѓувреме во „Вардар филм“ функционира тонско студио, кое беше опремено со помош на младиот саунд дизајнер, Сашко Потер Мицевски, поголемиот дел од опремата е негова, но ние имаме план за набавка на нова опрема. Во моментот ја реновираме и помошната сала за проекции, као и уште една просторија која во иднина ќе служи како студио за колор корекции и монтажно студио, на тој начин филмските работници во иднина ќе имаат можност своите филмски проекти целосно да ги реализираат во „Вардар филм“ и така тој пак ќе биде како на времето во поранешна Југославија“, вели за Утрински брифинг, Сани Саиди, новиот директор на „Вардар филм“.

Тој вели дека има план како да ги зголеми и приходите на оваа институција, а се надева дека и Министерството за култура ќе има слух за неговите идеи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот