Истанбул/ Фото: Пintugupta565 / Needpix

ВИДЕО | Руски туристи приведени во Истанбул бидејќи се бакнале во џамија

Двајца руски туристи беа приведени во Истанбул откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како се фотографираат и се бакнуваат во близина на најголемата џамија во Турција, Буџук Џамлија. Видеото го снимил локален жител, по што обвинителството започна истрага.

Според турските медиуми, полицијата го идентификувала парот и го привела на сослушување. Момчето изјавило дека не знаело дека бакнувањето во близина на џамијата е забрането и претставува кривично дело, додавајќи дека никогаш не би го сторил тоа доколку бил свесен за законот. Тој исто така јавно се извинил.

Сепак, обвинителството подготви обвинение според членот за „јавно навредување на религиозни вредности“, за што е предвидена казна од шест месеци до една година затвор. Турските медиуми известуваат дека случајот веќе е упатен до судот.

Рускиот генерален конзулат во Истанбул потврди дека парот бил приведен, но дека биле ослободени по давање изјава. Според руски извори, туристите оттогаш ја напуштиле Турција.

Според исламските канони, бакнувањето, прегрнувањето и држењето за раце се забранети во и во непосредна близина на џамијата, дури и меѓу сопружници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот