ВИДЕО | Русија ја лансираше ракета „Сармат“, темелот на нуклеарниот штит на армијата

Фото : Твитер - Стратешки ракетен систем со силосно базирање „Сармат“

Руското Министерство за одбрана објави видео од успешното лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“ на космодромот Плесецк.

– Задачите за лансирање се завршени. Дизајнерските карактеристики беа потврдени во сите фази од неговиот лет. Боевите глави за обука пристигнаа во одредена област на полигонот Кура на полуостровот Камчатка“, забележува агенцијата РИА.

Според медиумот ова е прво лансирање во државната програма за тестирање на овој тип оружје.
Како што наведуваат медиумите перспективниот стратешки ракетен систем „Сармат“ во иднина ќе стане темелот на нуклеарниот штит на Русија. Ова го изјави неодамна шефот на државната корпорација „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин, соопшти агенцијата „Интерфакс“.

Шефот на државната корпорација го окарактеризира „Сармат“ како темел на безбедноста на идните генерации. Според него, овој систем ќе ја обезбедува одбраната на земјата најмалку 30-40 години. Рогозин го истакна „уникатниот“ дострел и брзината на полетување на ракетата.

Тоа ќе му овозможи на „Сармат“ да го совлада секој систем за противракетна одбрана, смета тој.

Спорд „РБ“ перспективниот стратешки ракетен систем со силосно базирање „Сармат“ треба да ги замени советските ракети Р-36М2 „Воевода“. Системот содржи повеќестепена интерконтинентална балистичка ракета на течно гориво. Особеноста на овој систем ќе бидат начините за доставување на боевата глава до целта, што ќе овозможи ефикасно да се заобиколуваат средствата за противракетна одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот