ВИДЕО | Роналдо во незгодна ситуација: Мекгрегор го „удави“ со зборување

Фото: Screenshot

Изминатата вечер во Саудиска Арабија се одржа боксерски спектакл на кој Ентони Џошуа издоминирап ротив Ото Валин и победи со технички нокаут. На оваа борба помеѓу гостите во публиката имаше и познати лица.

Гостин во Ријад беше и Кристијано Роналдо кој како што е познато игра во Саудиска Арабија подолго време, а до него седна ММА борецот Конор Мекгрегор.

Двајцата го привлекоа вниманието и поради ситуацијата во која Мекгрегор почна да го „дави“ Португалецот со зборување, а ако судиме по реакцијата Роналдо скоро и да не беше заинтересиран за разговорот.

Мекгрегор во овој разговор кој повеќе го водеше сам му објаснуваше на Роналдо за рускиот боксер Димитри Бивол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот