Церемонија во често на Робер Бадинтер во Париз/Фото: Lafargue Raphael/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ВИДЕО | Робер Бадентер, францускиот министер кој ја укина смртната казна симболично погребан како херој во Пантеонот во Париз

Официјалната церемонија за Робер Бадентер, кој ја отелотвори борбата за укинување на смртната казна во Франција, се одржа вчера во Париз, објави РФИ.

Оддавањето почит на министерот за правда во времето на претседателот Франсоа Митеран, професор на Сорбона и адвокат Бадентер, започна синоќа со бдение во Францускиот уставен совет, со кој тој претседаваше од 1986 до 1995 година, меѓу многуте обврски во неговиот живот.

Иако неговата пепел не беше пренесена, тој симболично ќе биде погребан во Пантеонот преку предмети поставени на неговиот кенотаф: неговата адвокатска облека, копија од неговиот говор за укинувањето на смртната казна и три книги, вклучувајќи една од Виктор Иго.

Претседателството на Француската Република, во соопштение, ја истакна борбата на Робер Бадентер за правда и го нарече укинувањето на смртната казна „значаен културен скок во историјата на правдата во нашата земја“.

Францускиот парламентот го одобри законот на 9 октомври 1981 година. Дотогаш, смртната казна во Франција се извршуваше со обезглавување со гилотина – практика што датира од Француската револуција од 1789 година.

Неколку часа пред церемонијата во Пантеонот, беше објавено дека гробницата на Робер Бадентер, на париските гробишта Бањер, била осквернавена со слогани „кои ги навредуваат неговите заложби против смртната казна и во корист на декриминализацијата на хомосексуалноста“, објави градското собрание на овој град во близина на главниот град, појаснувајќи дека гробницата била брзо исчистена.

„Срам да им е на оние што се обидоа да го осквернат неговото сеќавање. Вечерва тој ќе влезе во Пантеонот, вечниот дом на совеста и правдата“, напиша претседателот Емануел Макрон во порака.

Инаку Робер Бадентер кој почина минатата година на 95-годишна возраст, беше вклучен во изработката на Охридскиот рамковен договор во Република Македонија. Принципот на овој договор е да ги поврзе етничките заедници во националното законодавно тело (подоцна и во локалната самоуправа и други државни органи) треба да биде поддржан од двете етнички групи, овој принцип често се нарекува „Бадентеров принцип“.

Тој во 2006 година е одликуван со орденот „8 септември“ за исклучителен придонес за јакнењето на меѓународнта положба и углед на Македонија и за придонес во развој и афирмација на меѓуетничките односи.

Парискиот Пантеон е најпознатиот мавзолеј во кој се погребани голем број познати личности од француската историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот