ВИДЕО | Речица: Акцискиот план ќе придонесе за приближување и отворање на Собранието кон граѓаните

Нашата анкета за јавното мислење на граѓаните укажува дека за голем дел од нив Собранието е затворено. Дел поради неинформираноста како може да учествуваат во неговото работење, а дел поради тоа што воопшто не се ни обиделе да учествуваат.

-Токму акцискиот план за 2021 – 2023 година се однесува на отвореност и транспарентност на Собранието, а тоа значи вклучување и учество на граѓаните во работата на Собранието и очекуваме активностите кои ќе се спроведуваат од овој акциски план следните две години да го променат ваквото мислење на граѓаните но и суштински Собранието да стане поотворено за нив, вели за Утрински брифинг Влора Речица, раководител на Центарот на парламентарна поддршка и демократизација – ИДСЦС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот