ВИДЕО | Реал пред „Ел Класико“: Ќе ни суди тандем поради кој останавме без титула

Фото: Screenshot

На интересен потег се одлучи Реал Мадрид пред реваншот од полуфиналето на Копа Дел Реј, натпревар кој се игра во среда.

Актуелниот шампион на Шпанија и Европа монтираше и објави видео во траење од 2:40 минути. Во видеото се прикажани големи грешки на штета на Реал  во изминатите години на судискиот пар Хуан Мартинез Мунуера, главен судија на утрешното „Ел Класико“ и Хозе Луис Гонзалез Гонзалез кој ќе биде во ВАР собата.

„Хуан Мартинез Мунуера главен, а Гонзалез Гонзалез ВАР судија…Каква коинциденција! Правда ни дели тандемот од кој сите навивачи на Реал имаат најлоши спомени. Тоа е истиот судиски пар кој го водеше натпреварот во кој Реал Мадрид беше најмногу оштетен во поновата историја. Станува збор за натпреварот Реал – Севиља во сезоната 2020/2021 кога поради нивните грешки останавме без титула во Ла Лига. Мартинез Мунуера и Гонзалез Гонзалез тогаш направија шест одлучувачки грешки на штета на Реал“, се зборува во видеото.

По прикажувањето на грешките, снимката се завршува со порака на Гонзалез Гонзалез од ВАР собата која за навивачите на Реал стана симбол за судиско газење на нивниот клуб, „Се е во ред“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот