ВИДЕО | Реал Мадрид преку пенали до финалето на шпанскиот Суперкуп

Фото: EPA-EFE/STR

Реал Мадрид на пенали ја победи Валенсија во полуфиналето од Суперкупот во Ријад и се избори финале.

„Кралевите“ први дојдоа до водство во 39. минута преку Карим Бензема, додека за изедначување се погрижи Лино на стартот од второто полувреме.

Се обидуваа двете екипи да дојдат до победнички гол, но нов гол не видовме, ниту до крајот на регуларните 90, ниту во дополнителните 30 минути.

Во пенал-рулетот за Реал Мадрид сигурни реализатори беа Бензема, Модриќ, Крос и Асенсио, додека кај Валенсија не погодија Комерт и Гаја.

Противникот во финалето Реал Мадрид ќе го добие утре кога во второто полуфинале ќе се сретнат Реал Бетис и Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот