Министерот Саровоит и Путин/Фото: EPA/MIKHAIL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

ВИДЕО | Путин откри бројка – 700.000 руски војници се во Украина

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека во Украина има повеќе од 700.000 руски војници. Како што објави денес РБЦ Украина, Путин ја изнесе оваа бројка за време на состанокот со врвни руски пратеници, кој беше емитуван на државната телевизија.

На почетокот на септември, Украинската воена разузнавачка служба (УРС), исто така, процени дека на украинска територија има речиси 700.000 руски војници, вклучувајќи членови на Националната гарда, специјални сили и логистички единици.

Мнозинството се распоредени во регионот Донецк, што ги покажува руските приоритети“, изјави тогаш портпаролот на УРС, Андриј Јусив.

Украинската армија има речиси 900.000 војници низ целата земја. Сепак, претседателот Володимир Зеленски предупреди во јануари дека Русија сè уште има бројчена предност во одредени сектори на фронтовската линија токму поради концентрацијата на силите.

Од друга страна пак, Русија се соочува со растечки проблем со недостиг на персонал.

На Москва ѝ помага и Северна Кореја. По првичното распоредување помеѓу 11.000 и 12.000 војници во Курската област кон крајот на 2024 година, се очекуваат нови засилувања. Севернокорејските војници ѝ помогнаа на Русија да го одбие украинскиот упад преку границата, а во тој процес, според достапните податоци, претрпеа околу 2.000 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот