ВИДЕО | Протест на Евреи во Њујорк, бараат мир во Газа

Фото Икс принтскрин

Стотици демонстранти кои бараа прекин на огнот меѓу Израел и Хамас ги принудија властите да го затворат терминалот Гранд Централ, еден од главните транзитни центри во Њујорк, соопшти Метрополитен транспортната управа (МТА).

„Гранд централ е затворен до понатамошно известување поради протестот“, објави МТА на својата веб-страница, повикувајќи ги патниците да користат алтернативни станици и да планираат дополнително време за патување.

Сликите на социјалните мрежи покажаа демонстранти како излегуваат од железничката станица на 42-та улица во центарот на Менхетен.

„Тагувајте за мртвите, но борете се до крај за живите“, пишуваше на еден транспарент поставен внатре во зградата.

Протестите беа организирани од група наречена Еврејски глас за мир, објави Њујорк Тајмс.

Вчера израелската армија ги прошири воздушните и копнените напади врз палестинската енклава Газа. Хамас, палестинската милитантна група која владее со Газа, рече дека нејзините борци се подготвени да се соочат со израелските напади „со полна сила“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот