Метју Хачинс/Алек Болдвин/Принтскрин/Јутуб

ВИДЕО | Проговори сопругот на убиената Хачинс: Бесен е на Болдвин кој изјавил дека не се чувствува виновен!

Метју Хачинс, сопруг на Халина Хачинс, директорката на фотографија која Алек Болдвин случајно ја застрела на снимањето на филмот „Rust“, одлучил да проговори за трагичниот настан.

„Срцето ми пукна во моментот кога дознав дека мојата сопруга е застрелана. Беше непоимливо дека тоа би можело да се случи“, навел Метју во емисијата „Today“.

Пред него била исклучително тешка задача – да му каже на нивниот 9-годишен син Андрос дека останал без мајка.

Нови детали од истрагата: Дали Алек Болдвин го повлекол чкрапалото на пиштолот со кој ја усмрти Халина Хачинс?

„Кога станува збор за вакви вести, морате повеќепати да ги кажете на глас за да поверувате дека се вистинити. Сосема отворено неколку пати му кажав на синот што се случило и потоа заедно плачевме. Секој празник е тежок без неа“, додал Хачинс.

Актерот Болдвин во интервју за „ABC“ во декември изјави дека не се чувствува одговорен за смртта на Халина, а ваквите тврдења го разбесниле Метју.

„Кога Болдвин јавно зборуваше за нејзината смрт со толку детали, што не сакаше ни да преземе одговорност откако опиша како ја убил, тоа ме разбесни. Идејата дека личноста која го држела пиштолот и испукала куршум не е виновна, за мене е тотален апсурд“ – додаде тој во интервјуто.

Нови детали, помошникот режисер призна во полиција: Не проверив дали во пиштолот на Болдвин има лажни куршуми

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот