(ВИДЕО) Приватен авион се судри со автомобил на автопат во Флорида

Приватен авион со кој се превезувале пет патници удрил во возило на автопат на Флорида, предизвикувајќи голема експлозија.

Видеата направени од очевидци на случката ги покажуваат последиците од несреќата, откривајќи како големи пламени јазици излегуваат од малото летало.

На видеоматеријалите објавени на социјалните медиуми може да се забележи и како еден храбар минувач се стрчува кон чадот со намера да им помогне на патниците.

Авионот е од типот „Bombardier Challenger 600“, соопшти Федералната управа за авијација.

Претходно пилотот пријавил дека двата мотори откажале додека се подготвувал за слетување.

Сите сообраќајни ленти на автопатот во моментов се затворени. Засега нема информации за жртви жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот