
ВИДЕО | Познат ресторан лансираше бургер со необична состојка, гурманите се шокирани: „Кој е доволно храбар?“
Еден необичен кулинарски експеримент ги подели љубителите на храна на социјалните мрежи и предизвика жестока дебата. Сè започна откако ресторан од Олдам, Англија претстави нов специјалитет – пилешки бургер со необична состојка, прв од ваков вид во овој град, пишува „Мирор“.
Препорачано
На нивниот инстаграм-профил е прикажан процесот на подготовка на крцкаво пилешко кое е премачкано со зачини, а потоа се служи во вкусно лепче. Сепак, многумина беа збунети од фактот дека најважната состојка е всушност млечно чоколадо.
„Првиот чоколаден бургер во Олдам. Пржено пилешко со чоколадо и топчиња од ‘Фереро Роше’. Кој е доволно храбар?“, напишаа тие.
Судејќи според коментарите, многу корисници не се чувствуваа доволно храбри да ја пробаат оваа комбинација.
„Кои денови сте затворени“, праша едно лице на шега, а друго додаде: „Кога ова повеќе нема да биде достапно?“.
Сепак, не сите коментари беа негативни. Поединци признаа дека „необичната комбинација“ ги заинтригирала.
„Можеби ова е првиот чоколаден бургер што би го пробал“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Боже мој, изгледа вкусно.“
Дали чоколадото на пилешко е кулинарски неуспех или потенцијален хит? Одлуката е на оние кои се доволно храбри да го пробаат.
@burgereatsmcr Oldham’s FIRST Chocolate Burger! Crispy fried chicken fillet dunked in silky milk chocolate, topped with Ferrero Rochers & finished with a drizzle of white chocolate. Who’s brave enough? #chocolate #burger #oldham #FoodTok #friedchicken ♬ PUSH 2 START – Tyla