ВИДЕО | Попоска: Имаме војна, загрижува што не се почитуваат принципите на Меѓународното право за вооружен конфликт

д-р Весна Попоска, експерт за безбедност
д-р Весна Попоска, експерт за безбедност / Утрински брифинг

Дефинитивно се работи за меѓународен вооружен конфликт, доколку зборуваме од аспект на меѓународното право, затоа што меѓународното право и безбедноста се многу тесно поврзани, изјави за Утрински брифинг проф. д-р Весна Попоска, експерт за безбедност.

-Без оглед како се нарекува операцијата имаме активен вооружен судир и она што загрижува е што не се применуваат и не се почитуваат принципите на Меѓународното право за вооружен конфликт, односно принципите кои важат во начинот на војување и тактиките на војување, вели Попоска.

-Меѓународното право генерално не се расправа многу со термини агресор или нешто слично, затоа што се сметаше дека тој тип на конфликти е изумрен или изоставен. Но де факто, да, Русија е напаѓачот, Украина е земја која е нападната согласно Женевската конвенција, потенцира Попоска.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот