ВИДЕО: Полски пилот ја запроси стјуардесата во текот на летот
Полски пилот ја запросил својата девојка – стјуардеса за време на летот од Варшава до Краков и врската ја запечатија со бакнежи пред патниците во авионот.
Како што јави Си-Ен-Ен, работодавачот на среќната двојка, полската авиокомпанија „ЛОТ Полиш ерлајнс“, објави видео на Фејсбук, во кое го покажува моментот кога пилотот Конрад Хенк ги пречекува патниците, а потоа држејќи букет, ја замолува саканата да се омажи за него.
„Има многу посебна личност на денешниот лет и се надевам дека не го очекува тоа што имам да го кажам. Дами и господа, пред околу една и пол година, на оваа работа, ја запознав најубавата личност која целосно ми го промени животот“, продолжи Хенк.
„Ти си ми најскапоценото нешто. Ти си мојот најголем остварен сон. Затоа морам да те замолам услуга, љубов моја. Ќе се омажиш ли за мене?“, рече полскиот пилот насмевнувајќи ѝ се на жената на неговиот живот која беше на другиот крај од авионот.
Потоа, како што се гледа на видеото, стјуардесата трча по патеката на авионот скокајќи од радост за да го прегрне својот љубовник и да му каже дека ја прифаќа понудата за брак. Тогаш пилотот и го подал бугетот и кутивчето со прстенот, како што е вообичаено.
„Не знам дали ова е вистинскиот прст за ова“, одговори тој насмеан додека и го ставаше прстенот. Поврзаното видео доби над илјада коментари на Фејсбук, пренесува CNN.
„Срдечни честитки, Ви посакувам на двајцата многу години среќа и љубов“, пишуваа корисници на Фејсбук.