ВИДЕО: Полицијата затвори фабрика за марихуана во Струга, одгледувачите засадиле повеќе одошто пријавиле

Фото: МВР

„На 15.07.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Комисијата за исполнување на условите за производство на канабис за медицински цели и за одобренија за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство и во заедничка акција со полициски службеници од СВР Охрид-ОВР Струга, врз основа на претходно обезбедена наредба за вршење на претрес од судија на претходна постапка од Основен суд Струга, извршен е претрес и контрола над правно лице во село Драслајца, општина Струга“, соопшти МВР.

„При контролата е констатирано дека инсталираниот видео надзор не го покрива целиот објект и правниот објект не е заштитен (ограден според прописите, има оштетувања на повеќе места на жичаната ограда на која се констатирани отвори со моќност за непречен влез и излез од правното лице). Исто така пронајдени се 3442 засадени растенија канабис кои се одгледуваат во надворешни услови, без соодветна атмосферска заштита, што е спротивно на условите и прописите во Законот за контрола на опојни дроги, а правното лице има пријавено дека засадиле 4304 растенија. При извршената контрола се пронајдени уште 1007 растенија канабис и расад со растенијата канабис кои се засадени во надворешна парцела, за која правното лице има добиено само дозвола за проширување, но не и за засадување на растенија од канабис. Констатирани се и бројни неправилности во однос на известувања за кадарот, просторот и начинот на работење на правното лице, спротивно на одредбите од Законот за контрола на дроги“, се вели во соопштението.

Од извршениот увид и контрола во правниот субјект е констатирано дека има вишок на неевидентирани засадени растенија канабис, што е исто така спротивно на Законот за контрола на опојни дроги, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот