ВИДЕО: По скоро една година 12-годишното девојче се врати дома: Фарах Шахин беше силувана, окована во синџири и присилена да премине во ислам

Асиф Масих од Фаисалабад, Пакистан, конечно успеа да ја врати својата 12-годишна ќерка дома во вторникот на 16 февруари по скоро едногодишна голгота. Во јуни 2020 година Фарах Шахин ја киднапираа тројца мажи, ја силуваа и чуваа окована во синџири и ја присилија да се конвертира во ислам пред со сила да ја омажат со 45-годишен маж.

„Фала му на Бога, зашто тој одговори на нашите молитви и ја спаси мојата ќерка“, рече Масих неколку часа откако судијата на седницата во Фаисалабад, Рана Масуд Ахтар, нареди Фарах Шахин да биде ослободена од владиното засолниште.

На сослушувањето на 23 јануари, Фарах, која е исрасната во христијанско семејство, му рече на судот дека сака да живее со нејзиниот таканаречен сопруг Хизар Хајат. Нејзиниот адвокат тогаш бурно реагираше дека оваа изјава е дадена под закани и притисок во засолништето.

Подоцна и таа  рече дека го кажала тоа затоа што киднаперот и рекол дека ако не го стори тоа, ке ја убијат и неа и нејзиното семејство. 

Во судската пресуда се вели дека бидејќи бракот меѓу Фарах и Хајат не бил регистрирани не бил верификуван од советот на сојузната област, таа не може да се чува во засолништето на неодредено време.

„Таа е длабоко трауматизирана и исплашена, но моето дете е многу среќно што е повторно во нејзиното семејство“, изјави Масих за „Морнинг Стар Њуз“. „Тогаш кога помисливме дека ја изгубивме, се случи ова чудо. Господ нека ги чува сите ќерки во негова заштита“.

Иако сексуален однос со девојче под 16 години во Пакистан се смета за силување, во повеќето случаи фалсификуван сертификат за конверзија во ислам и Никанама (сертификат за скучен брак) влијае врз полицијата и судовите за помилување на киднаперите.

Полицијата ја пронајде Фарах окована во синџири домот на осомничениот на 5 декември откако Масих пријави дека е киднапирана на 25 јуни. Судија нареди да ја задржат во полициски притвор; потоа беше испратена во дом засолниште управувано од владата, додека нејзиниот случај отиде на суд.

Водачите на црквата и активистите за права изјавија дека стравуваат дека ваквите засолништа, полицијата и судовите ги олеснуваат присилните преобразби на христијанките.

Според организациите за човекови права, годишно се киднапираат околу 1.000 христијански, хинду и сики девојки. Многумина од нив се принудени да преминат во ислам, бидејќи во Пакистан широко се верува дека бракови на возраст под 16 години се прифатливи според шеријатскиот закон, ако и двајцата кои се во брак се муслимани. Ова се случи и во случајот на Фарах: таа беше принудена да се преобрати, а потоа да се омажи со нејзиниот киднапер. објави Би-Би-Си.

Националниот совет на црквите во Пакистан (НЦЦП) соопшти дека бројот на такви киднапирања се зголемува.

„Стотици, стотици, многу девојки, многу девојки. Ова злосторство го прават многу луѓе, а властите не прават ништо“, вели генералниот секретар на НЦЦП, владиката Виктор Азарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот