ВИДЕО: Платениците на „Вагнер“ како ослободители, во Ростов пречекани со храна и вода од локалното население

Фото: Твитер

На социјалните мрежи се споделуваат видеа како локалното население во областите каде се влезени платениците на групата Вагнер ги пречекува платениците љубезно давајќи им бесплатна храна и вода.

„Цивилите во Ростов очигледно не се плашат од „Вагнер“. Тие се во најлош случај само љубопитни и пријателски настроени, ако не и поддржувачи и сочувствителни“, стои над објавените видеа на социјалните мрежи.

„Попатно не убивме ниту еден човек. Влеговме во Ростов. Без да испукаме ниту еден куршум, ја презедовме зградата на кожарницата во Ростов. Никому не сме се мешале во работата. На улица стојат луѓе со ПВЦ Знамиња (Вагнер) Во продавниците за храна на нашите момци им се нуди да не плаќаат за тоа што го купиле“, соопшти Евгениј Пригожин.

На едно видео објава се гледа како жена им дава храна на платениците на „Вагнер“

„Цивилите во Ростов на војниците на Вагнер им носат храна и вода.Изгледа дека се уморни од режимот на Путин“, стои во објавата

Одблиску го следиме развојот на состојбите во Руската Федерација и сме во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Од Министерството за надворешни работи посочуваат дека во тој контекст, потсетуваат дека се уште е на сила препораката на Министерството објавена на 28 февруари 2022 година, сите граѓани на Северна Македонија да се воздржат од патувања кон Руската Федерација, а оние кои имаат можност да ја напуштат земјата.

МНР: Граѓаните да не патуваат во Русија, а оние кои имаат можност да ја напуштат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот