ВИДЕО | Павиќевиќ: Учениците се принудени на учебниците да гледаат како апсолутна вистина иако некои се навредливи

Лука Павиќевиќ, претседател на Сојуз на средношколци
Лука Павиќевиќ, претседател на Сојуз на средношколци / Утрински брифинг

Сиромашните луѓе се луѓе со многу мали способности, се необразовани и работат работи како чувари, чистачи, кондуктери и слично, кои се многу малку платени и се доволни за основно преживување, а голем број од нив се корисници на социјална помош. Ова го пишува во учебник по Социологија за трета година гимназија кој очигледно е полн со стереотипи. За ова во Утрински брифинг разговаравме со Лука Павиќевиќ, претседател на Сојуз на средношколци.

-Јавноста веќе навикна да се покажуваат вакви погрешни работи во учебниците, оти ова не е првпат. Многумина од ученици при вакви ситуации реагираат кај професорите, а професорите пак јавно кажуваат дека тоа што го пишува не е добро кога станува збор за поотворени професори. Оние кои се поконзервативни строго се придржуваат до материјалот. Треба да се променат учебниците но и нашето гледање кон тие учебници, вели Павиќевиќ.

Тој додава дека се случувало деца на самохрани родители, од сиромашни семејства или слично, да мораат да репродуцираат вакви навредливи содржини за себе за да добијат подобра оценка оти не секогаш се исплатува конфронтација со професорите.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот