ВИДЕО | Партизан го губи чекорот со Звезда, црно-белите и трет натпревар без победа

Фото: FK Partizan

Тимот на Партизан полека како да го губи чекорот со Црвена Звезда за титулата во српската Суперлига. Денеска црно-белите и трет натпревар во низа останаа без победа, одигрувајќи 1:1 во рамките од 26. коло на гости кај Младост.

Во финишот од првото полувреме Младост стигна до водство со голот со глава на Петар Бојиќ и со резултат 1:0 се замина на паузата.

Тренерот на Партизан, Игор Дуљај направи измени уште на стартот од вториот дел и до 75. минута ги искористи сите пет замени. Нападите кон голот на Младост конечно дадоа резултат пред истекот на регуларниот дел. Немања Николиќ беше стрелец на голот по асистенцијата на Захид (1:1).

Партизан со ова реми има еден бод помалку од Црвена Звезда на табелата, но црвено-белите со победа против Раднички на свој терен ќе дојдат до четири бода предност. Ќе потсетиме, во минатото коло Партизан беше поразен од Напредак со 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот