ВИДЕО: Париз „гори“ за Први мај – демонстрантите запалија автомобили, скршија стотици излози

Фото: EPA/EFE / CRISTOPHE PETIT TESSON

По жестоките судири со полицијата, уапсени се околу 300 луѓе, а има 108 повредени полицајци

Жестоки протести организирани од француските синдикати и денеска, на Први мај, ја вжештија атмосферата во Париз – демонстрантите се судрија со полицијата, а на улиците на главниот град на Франција гореа автомобили. Стотици излози на продавници во центарот на градот се скршени.

Според информациите кои ги сподели полицијата, на демонстрациите во Париз се повредени 108 нејзини припадници, а уапсени се околу 300 луѓе.

На едно од видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како полициски специјалец е обвиен во оган од „молотовите коктели“ на демонстрантите, а неколкумина негови колеги се обидуваат да го изгасат огнот.

На други снимки, пак, се гледа жестокиот одговор на француската полиција:

„Овој 1 мај ќе биде пресвртница“, рече Софи Бине, лидер на левичарскиот синдикат Се-Зе-Те, надевајќи се дека повеќе од еден милион луѓе ќе се соберат на плоштадите.

Таа посочи дека работниците нема да продолжат да работат додека не се повлече контроверзната пензиска реформа која ја форсира претседателот Емануел Макрон.

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Одлуката да се зголеми старосната граница за пензионирање за две години, од 62 на 64 години, го чинеше Макрон многу – популарноста му падна на најниско ниво од протестите на „жолтите елеци“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот