ВИДЕО: Осмомартовски марш за родова еднаквост

epa08278308 Participants carry a banner reading 'Is it really happy 8th of March?' during a march for women's rights in Skopje, Republic of North Macedonia, 08 March 2020. The Helsinki Committee for Human Rights of North Macedonia organized the march for woman's rights under the motto 'You are not guilty' to mark the International Women's Day celebrated annually around the world on 08 March. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Платформата за родова еднаквост и оваа година го организира традиционалниот осмомартовски марш. Маршот започнува во 15 часот пред МВР а ќе заврши во паркот Жена борец.

-Почнуваме пред МВР поради овогодинешниот фокус на маршот. Се фокусираме на родовобазираното насилство, а стимулирани сме од случувањата од Јавна соба. После една година не гледаме разрешница за овој случај. Но маршот ќе биде наменет и за подигнување на свеста за женските права воопшто, како работничките права на жените, безбедноста и овозможувањето на рамноправна позиција. Темата на маршот е „Држава што не постапува е држава што силува”, рече денеска во Утрински брифинг Калиа Димитрова од Хелсиншки комитет.

Таа смета дека состојбата на жените во Македонија посебно е доведена во прашање во руралните средини, каде што и степенот на образование е на пониско ниво, но и повеќе се става акцент на улогата на жената во семејството.

-Каква е состојбата на жената во нашето општество не можам да генерализирам. Сметам дека многу фактори влијаат на состојбата на жените кај нас. Жените од Скопје се во поголема предност во споредба со жените од малите градови и руралните средини. Но тоа никако е смее да биде така. Сите жени треба да имаат подеднакви права да се вработатат и да се образуваат. 45 проценти од жените во Македонија имаат доживеано некаква форма на физичко, сексуално или психичко насилство. Тоа е само показател уште колку пат треба да изодиме за да зборуваме за родова еднаквост, нагласи Димитрова.

Оние кои не се во можност на Осмомартовскиот марш  да му се придружат пред МВР,  добредојдени ќе бидат во паркот Жена борец, каде што е планирано да има и обраќање на жени активистки за родова еднаквост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот