ВИДЕО: Ослободен новинарот Салиу, „ќе се повлечам од екраните ако докажат дека сум нападнал полицаец“

Фото: Скриншот/ТВ Клан

Бев ослободен поради вашата поддршка, во некоја различна ситуација немаше да бидам ослободен и ќе бараа притвор за мене без доказ, изјави новинарот Фуркан Салиу откако вечерва беше пуштен од полициската станица Автокоманда. Изјави дека не нападнал полицаец, ако надлежните имаат било каков доказ за такво нешто, ќе се извинам и ќе се тргнам од екраните, додаде тој.

„Тие велат дека сум нападнал полицаец, ако го докажат тоа јас ќе се извинам и повеќе нема да ме гледате на екраните. Нека докажат дека јас сум удрил полицаец, имаше камери, снимаа и нека докажат дека јас сум удрил полицаец. Потоа по апсењето ми ја претресуваа колата, јас не сум бил присутен, сега сум информиран дека мојот пиштол е најден расклопен како што треба според зкаонот, но тоа не треба да се врши без мое присуство. Избришани се снимките во кое имаше насилство врз мене, се надевам дека ќе ги вратиме снимките и целата вистина ќе излезе на виделина. Но ова е една грда фотографија на полицијата. Мислевме дека ќе се нормализираме, но пак истите фотографии. Ме уапсија луѓето-полицијата од началникот кој побара да ги смирам двете страни на натпреварот, а тоа се се снимаше, беше на работ на инцидент и јас ги смирив. Но откако тоа излезе од контрола, јас не сум виновен што имаше малку полицајци и многу луѓе, за тоа не сум јас виновен, тоа што се дозволи да се тепаат пред полицијата граѓани, за тоа некој друг треба да одговора“, рече Салиу.

Целиот настан почна кога еден млад дечко, кој седеше до нас цело време настрана и не учествуваше во тепачката, почнаа да го тепаат вели Салиу.

„Го фатија, го ставија под кола за да не се гледа и го тепаа. Го извадив телефонот за да го документирам тоа, затоа што дечкото навистина ништо не направи. Ми го земаа телефонот, не знам дали е скршен, ме уапсија мене, сум пружал отпор, сум нападнал полицаец, нека го докажат тоа. Се дерам дека сум новинар, 90 отсто до тие полицајци ме знаат, пред два дена заедно бркавме криминалци“, вели Салиу.

Во однос на приведувањето на лицето Ф.С. од Скопје ја информирам јавноста дека истото е последица на извршен напад на полициски службеници, припадници на Единицата за брзо распоредување кои биле ангажирани за одржување на јавен ред и мир на фудбалски натпревар кој бил оценет како натпревар со безбедносен ризик, а кои во моментот на напад од наведеното лице интервенирале бидејќи дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи стои во Фејсбук објавата на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на апсењето на новинарот Салиу.

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, партиите да не го користат случајот за политички препукувања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот