ВИДЕО | Oкафор човек на одлука во дербито помеѓу Милан и Лацио

Фото: EPA-EFE/FEDERICO PROIETTI

Tимот на Милан со 1:0 славеше на свој терен во натпреварот против Лацио, а единствениот гол на натпреварот го постигна Окафор во самата завршница.

Лацио и Милан одиграа еден борбен натпревар во кој имаше многу тензија, три црвени картони и еден гол. Пелегрини во 57-та минута доби втор жолт картон и го остави Лацио со играш помалку.

Притисна Милан откако имаше играчка предност, Леао ја затресе мрежата во 76. минута, но тој гол беше поништен поради офсајд. Сепак. Во 88. минута Окафор обезбеди триумф за Милан.

Во судиското продолжение од натпреварот црвени картони кај Лацио заработија уште Марушиќ и Гендузи. Милан со овие три бода дојде на само бод од второпласираниот Јувентус кој допрва треба да го игра натпреварот од ова коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот