ВИДЕО: Одвратен потег на Кристијано Роналдо по поразот од Ал Хилал

фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието во поразот на неговиот Ал Наср против Ал Хилал со 2:0.

Стрелци на головите во победата беа Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 17 и Салем Алдавсари во 30 минута во рамките од пријателскиот Ријад куп.

Во текот на натпреварот Португалецот најпрвин влезе во конфликт со навивачите кои од трибините му скандираа „Меси, Меси“, а тој вербално ги нападна велејќи „Јас сум Кристијано, јас сум Кристијано, а не Меси“.

Роналдо се упати кон соблекувалната и пред неговите нозе паднаа два шалови на Ал Хилал.

Зеде еден од шаловите, па направи одвратен потег – со него го избриша меѓуножјето, го фрли назад на трибината и продолжи по патот кон соблекувалната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот