Фото: Принтскрин/Јутуб

Видео од нападот на шефот на обезбедувањето на Мицкоски на колега полицаец

Ноќта меѓу сабота и недела во познат скопски локал, полицаец кој не бил на должност а кој е и дел од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски физички нападнал колега полицаец кој извршувал службени дејствија.

Како што се гледа на видеото кое го објави 360 степени, напаѓачот И.Б (облечен во црна блуза) и В.Г (облечен во зимска јакна во окер боја) разговараат во внатрешноста на локалот, по што И.Б. почнува да го турка В.Г. и го изнесува надвор од објектот. Припадници на Единицата за недозволена трговија во МВР, кои се на задача, се обидуваат да ги раздвојат, но И.Б.  со тупаница го удира В.Г. во главата.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, најави дека во текот на вчерашниот ден МВР ќе поднесе кривична пријава против И.Б. за напад на друго службено лице. Според министерот, тој ќе биде суспендиран од работа сè до донесување правосилна пресуда. Притоа, Тошковски рече дека не се точни наводите дека И.Б. спречил акција на полицискиот тим од Единицата за недозволена трговија, туку дека проверките од полицајците веќе биле завршени.

Шефот на обезбедувањето на Мицкоски истепал полицаец пред угостителски објект

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот