ВИДЕО: Од Мариупол исплови брод натоварен со метал, следен од руски воен брод на Црноморската флота

Принтскрин / Телеграм

Првиот брод, откако руските сили го зазедоа украинскиот Мариупол, денеска исплови од пристаништето.

Бродот натоварен со метал го напуштил пристаништето, придружуван од артилерија на руската Црноморска флота и патролни антидиверзантски чамци, се наведува во соопштението.

Планирано е бродот да достави товар до Ростов на Дон.

Портпаролот на пристаништето во Мариупол, минатата недела изјави дека бродот е натоварен со 2.700 тони метал. Според украинските власти, Русија го украла металот од Украина.

Претходно претставник на управата на пристаништето за ТАСС изјави дека е отворена и подготвена да прифаќа бродови, што официјален Киев го опиша како „грабеж“.

Продолжува грабежот на привремено окупираните територии на Украина. По кражбата на украинското жито, окупаторите прибегнаа кон извоз на метални производи од Мариупол – обвини владата во Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот