ВИДЕО: Новата дрога „бомбе“ се шири во Африка – луѓето шмркаат струготини од ауспух

Корисници на опасната дрога бомбе во Конго / фото: Јутјуб/принтскрин

На улиците на Киншаса, главниот град на Конго, се гледаат сѐ повеќе луѓе кои стојат крај патот како зомби, целосно замаени и отсутни – се шири новата дрога наречена „бомбе“, чија главна состојка доаѓа од автомобилски катализатори, пишува „Дојче веле“.

Дрогата се подготвува со стругање на керамичкото јадро на катализаторот – делот одговорен за намалување на штетните издувни гасови. Тоа е во форма на саќе и е обложено со метали како платина, паладиум и родиум, како и цинк оксид. Потоа, корисниците го мешаат тоа со таблети за спиење, добивајќи отровен коктел-прашок што го шмркаат. Жители на Киншаса велат дека чувството е „подобро отколку да спиеш со жена“.

Дрогата на младите им нуди целосно одвојување од тешката реалност во 15-милионскиот град, во кој живеат тенок слој на супербогати и огромна маса на сиромашни луѓе, пишува „Дојче веле“.

„Повеќе сакаме „бомбе“ затоа навистина тотално нѐ онесвестува. Стануваш многу мирен и изморен. Потоа само стоите или седите некаде многу долго“, вели еден љубител на новата дрога, чии долгорочни последици засега можат само да се претпостават.

Корисниците под дејство на „бомбе“ најчесто стојат во карактеристична, подгрбавена поза, потполно исклучени од околината, во состојба слична на кома.

Лекарите предупредуваат дека коктелот е вистински отров, кој ги оштетува белите дробови и срцето, а долг рок веројатно предизвикува и рак. Постојат извештаи за смртни случаи, но сѐ уште не се води евиденција, велат тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот