ВИДЕО: Нова снимка од бомбардирањето на болницата во Газа, објави израелска телевизија

Напад врз болница во Газа / Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Израелската телевизија „Кешет 12 вести“ објави своја снимка за која тврди дека покажува ракета истрелана од Палестинците во Газа, паднала на теренот на болницата Ал Ахли.

На снимката се гледа како неколку ракети се истрелани од Газа. По неколку моменти може да се забележи експлозија во Газа. Местото каде што се случи експлозијата, се чини, се наоѓа на траекторијата на ракетите кон Израел.

„Ова е доказ кој ги потврдува израелските тврдења дека ракетите истрелани од Газа експлодирале во близина на арапската болница Ал Ахли во градот Газа, а не од Израел“, изјави ТВ водителот Јонит Леви.

„Ова е камера на каналот 12. Тоа е камера лоцирана во градот Нетивот (израелски град во близина на Појасот Газа) и гледа во Појасот Газа. Можете да ги видите ракетите… испукани над болница… И можете да видите експлозија. Тоа е доказ дека таа дошла од Газа“, додаде Леви.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот